Дедо Мраз пристигна на Градскиот плоштад во Гевгелија
Дедо Мраз и годинава пристигна
на Градскиот плоштад во Гевгелија, но не од Железничката станица со воз, туку со мотор. Голем број дечиња со нивните родители го дочекаа во весела предновогодишна атмосфера, за што придонесоа солистите и хорот на Детскиот музички фестивал „Калинка“- Гевгелија со нивниот репертоар. За да биде уште повесело, членовите на Танцовото студио „Мистик“ ги забавуваа гевгеличани со своите кореографии подготвени по повод новогодишниот концерт, а во рамки на традиционалната манифестација „Дочек на Дедо Мраз“ во организација на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.
Драмската секција за деца при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија не ја остави нивната генерација без новогодишна претстава. Пред голем број присутни, беше прикажана театарската претстава за деца „Шарена приказна“, преку којашто актерите заедно со публиката му посакаа добредојде на Дедо Мраз и во Народниот театар- Гевгелија.