Донесен Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година проектиран на 603.912.887 денари
Донесен е Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година
во вкупен износ од 603.912.887 денари. Советот на Општина Гевгелија со мнозинство гласови на вчерашната 36.седница го усвои Предлог-Буџетот за непречено финансиско работење на Oпштината во наредната година. Во вкупно проектираниот буџет, приходите на Основниот буџет учествуваат со 270.544.187 денари или 44,80%. Во вкупните приходи и вкупните расходи проектирани за 2024 година, капиталните приходи изнесуваат 32.794.763 денари. Во билансот на приходи на Основниот буџет, капиталните приходи изнесуваат 32.794.763 денари или 12,12%, додека во билансот на расходи, капиталните расходи учествуваат со 78.390.000 денари или 28,97%.
Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година беше донесен во две фази, така што по утврдувањето на Нацрт-Буџетот од страна на Советот на Општина Гевгелија, беше организирана јавна расправа. Покрај електронската јавна анкета, беа одржани отворени средби на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, со граѓаните. Изнесените предлози од страна на граѓаните на овие средби и доставени по електронски пат беа вградени во донесениот Буџет на Општина Гевгелија за 2024 година, така што проекцијата од нацрт до предлог-верзијата е зголемена за 5.135.928 денари согласно потребите на граѓаните.