Новогодишни пакетчиња за дечињата од ранливите категории и првачињата во Општина Гевгелија
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов,
во Народниот театар- Гевгелија и во присуство на Дедо Мраз, им ги подели новогодишните пакетчиња на дечињата од социјално-ранливите семејства што Општина Гевгелија секоја година традиционално ги обезбедува како активност од Програмата за социјална заштита. Исто така, пакетчиња им беа поделени и на штитениците на Дневниот центар за лица со попреченост во Гевгелија, а новогодишен подарок со материјали за окупациони активности од Општина Гевгелија добија и штитениците на Центарот за лица со попреченост ,,Мајка Тереза“ во Гевгелија при посетата на Градоначалникот. Традиционално, новогодишни пакетчиња од Општина Гевгелија во соработка со гевгелиската фирма „Ветеринар“ добија и сите првоодделенци во гевгелиските основни училишта.
- Празниците се одлична можност да ја покажеме нашата општествена одговорност и хуманост, како и поддршка и внимание за сите. На сите деца им посакувам неизмерна среќа за празниците!, истакна градоначалникот Андон Сарамандов.