Реконструирана улица којашто се поврзува со „Ѓорге Велков“ во Негорци
Последниот работен ден од 2023 година,
градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го заврши со увид во градежните активности во населеното место Негорци. Имено, по барање на жителите од Негорци, изградена е улицата којашто се поврзува со „Ѓорге Велков“. По нејзината реконструкција, е проширена и со тоа значително се подобрени условите за одвивање на сообраќајната комуникација.
Како што истакна градоначалникот Сарамандов, во изминатата година, беа реализирани повеќе значајни проекти за развој на Негорци, како зафати за подобрување на патната инфраструктура со изградба на повеќе улици и краци, нов водоснабдителен систем поврзан со градскиот водовод, со што е решен долгогодишниот проблем на негорчани со водоснабдувањето, а најмалите жители добија и детско игралиште во центарот на населеното место.
Исто така, потенцира дека локалната самоуправа ќе продолжи со исто темпо на работа, за исполнување на барањата на граѓаните со вложување во подобрување на условите за живеење подеднакво во сите населените места од општината.