Континуирано сообраќајно воспитување
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот во
Гевгелија и годинава својата активност ќе ја насочи во основните училишта за надградување на на стекнатото знаење. Во секое училиште ќе бидат организирани теоретски и практични часови за сообраќајно воспитување на учениците, но и активно вклучување на родителите преку акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот-безбедно од домот до училиштето“. Исто така, ќе биде реализирана и традиционалната манифестација „Детски семафор“, во чии рамки ќе бидат организирани тестови за проверка на знаењето на сообраќајните правила и сообраќајни знаци, натпревари во восење на велосипед на полигон, како и организирање на регионален натпревар. Подготовките за дел од овие активности веќе се започнати, а дел од активностите ќе бидат насочени и кон сообраќајното образование во предучилишните установи.