Лето без пожари
Под мотото „Лето без пожари“ Секторот за внатрешни работи-Струмица,
ПС Гевгелија, во соработка со Регионалниот Центар за управување со кризи - Струмица, Дирекцијата за заштита и спасување-Гевгелија, шумското стопанство „Кожуф“ШС заедно со ТППЕ-Гевгелија, се договорија на последниот состанок за поголема превентивна акција од пожари. Притоа, е констатирано дека имајќи ги во предвид претстојниот период на зголемување на температурата, а со тоа и зголемена раздвиженост на граѓаните, излегување во природа, одење на лов и подготовка на земјиште за земјоделски посеви и култури, зачестените пожари на отворено претставуваат сериозна закана и најава за летниот период.
Затоа и се апелира до граѓаните на зголемена будност и внимателност при движење во шумите како и при движење на отворени простори заради превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните, да не се фрлат догорчиња и отпушоци на отворен простор, да не се пали оган на отворено, стрништа, плевел и отпадоци со што заедо ќе допринесеме за зачувување на шумите и истите ги оставиме во наследство на идните генерации.