Благодарница за придонесот во справување со трговијата со луѓе
Општинската комисија за борба против трговијата со луѓе и
илегалната миграција на Општина Гевгелија на последната седница го усвои извештајот за активностите реализирани во 2018 година. Оваа комисија, формирана од Советот на општина Гевгелија, извештајот го презентираше пред претставниците на општинските училишта без чија соработка и учество нема да можеа да се реализираат поголемиот број од активностите.
Годишниот извештај на комисијата ќе се најде на усвојување од страна на Советот на општина Гевгелија на закажаната седница на 5 април 2019.
На седницата беа доделени благодарници за придонес во соработката околу превенцијата, едукацијата и препознавањето на опасностите да се стане потенцијална жртва на трговијата со луѓе. Благодарници им беа врачени на општински училишта, на Советот на општина Гевгелија и на градоначалникот на Општина Гевгелија.