Аполонија ден на крводарување
Фондацијата „Аполонија“ ја организира два пати
годишно хуманитарната акција „Аполонија ден на крводарување“. Првиот Аполонија ден на крводарување беше на 19 октомври 2010 година, а денес ќе се одржи седумнесеттиот. Акцијата е уште една потврда за поддршката што оваа фондација ја дава постојано на активности кои се дел од целокупното живеење на нашата локална, а и поширока заедница. Така, Фондацијата Аполонија се вклучи и во остварувањето на едно од најблагородните човекови вредности - крводарувањето. Акцијата се остварува во оработка со Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ Општа болница - Гевгелија и со Општинската организација на Црвениот крст. Крводарувањето од сите заинтересирани вработени во хотел-казиното „Аполонија“, фондацијата, но и од сите други заинтересирани граѓани ќе се одржи во просториите на хотелот „Аполонија“ - Ice Bar (влез од улицата, спроти Комерцијална банка), во периодот од 11 до 17 часот.