Ποдготовки за реализација на проектот „Рехабилитација на патот Гевгелија-Богданци-Фурка-Дедели“
Подготовките за реализација на проектот „Рехабилитација на регионален пат Р1109, делница Дедели-Фурка-Богданци-Гевгелија“ се возавршна фаза.
Како што е познатот, Јавното претпријатие за државни патишта ја одложи санацијата на овој регионален пат со негова целосна рехабилитација.И тоа, на целата делница од Гевгелија до Дедели, Валандовско, во должина од 15,8 км. Финансирањето на овој проект е обезбедено од средства на Светска Банка, според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, во фазата на подготовка на Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки, потребно е да се организира јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата.
Извештајот за процена на животна средина и социјални аспекти и Планот за управување со животната средина е достапен на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општината Богданци. Исто така, и на официјалната веб страница на ЈП за државни патишта и во општината Богданци, како и на нивните интернет страници. Инаку, јавната консултација ќе се одржи во просториите на Дом на култура во општинa Богданци на 31.05.2019 година (петок) со почеток во 12 часот.