Пензионерски спортски игри
На три пункта, на градскиот стадион, во спортската сала 26 Април и во Пионерскиот дом, во Гевгелија се одржаа Пензионерските спортски игри
на пензионерските здруженија од петтиот регион. Пензионерите од Гевгелија, Велес, Неготино, Кавадарци, Демир Капија, Валандово, Дојран и Богданци се натпреваруваа во 11 дисциплини. Учесниците најнапред ги поздрави домаќинот на игрите, претседателот на Здружението на пензионери од Гевгелија, Велин Стојменов, кој им посака пријатен престој на пензионерите во Гевгелија и фер спортски натпревари.
-Со самото учество сите пензионери се победници, но сепак , во секој спорт има победници, па така победниците од овој регионален спортски натпревар ќе бидат учесници на Републичките пензионерски спортски игри во месец септември, рече Стојменов.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, ги поздрави пензионерите од сите градови учесници на овие спортски игри, нагласувајќи дека спортот е потребен на пензионерите како една физичка и духовна релаксација и порача да победат најдобрите.
Потпретседателот на Сојузот на здруженијата на пензионери на Република Македонија, Чока Ментор, во своето обраќање истакна дека Сојузот ги организира овие пензионерски спортски игри веќе 24 години, најнапред пензионерите се натпреваруваа во 3 дисциплини, за да денес, рече тој, тие ги одмеруваат своите спортски можности во 11 дисциплини..a