Одбележан светскиот ден на животна средина
Светскиот ден на животната средина - 5ти јуни,
годинава на тема „Загадување на воздухот“, беше одбележан и во Гевгелија. Центарот за климатски промени- Гевгелија организраше еднодневен настан основните училишта во градот и во две детски градинки. Притоа, беше одржана презентација за загадување на воздухот и негови влијанија, во двете основни училишта ООУ Владо Кантарџиев и ООУ Крсте Мисирков. Исто така, беше организирана парада од градинките до центарот на градот каде што децата се претставија со краток настап на тема животна средина.
Настанот се организираше во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничен регион (TRAP)“ спроведуван од Центар за климатски промени и Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, Општина Лерин, Центар за животна средина на Западна Македонија и Европската Регионална Платформа за соработка од Грција, и е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија - Грција.