Наградени млади виолинисти
Младите виолинисти од ООМУ „Васо Карајанов“
Јана Димитрова и ФилипТрајков освоија прва награда додека Љубица Мицева ја освои Втората награда, на 6-то издание на Меѓународниот натпревар на класична музика „Арт Ин Велес -2019“.Меѓународниот натпревар собра стотина учесници од Хрватска, БиХ, Србија и Македонија. Тие се натпреваруваа на повеќе инструменти, виолина, виолончело, хармоника, пијано, класична гитара, кларинет и труба, како и во соло пеење.
На овој натпревар, голем успех постигнаа гевгелиските виолинисти раководени од наставничката Соња Панова и корепетиторот Александар Лазаров.