Унапредување на соработката на збратимените општини
Збратимените општини од поранешните ју-простори
не само што треба да ја продолжат соработката, туку и да ја унапредат, Ова беше заклучено на средбата на градоначалниците Сашо Поцков, на општина Гевгелија, Салем Дедиќ, на општина Јабланица, и Ренато Крулчиќ, на Град Пазин, кој всушност и беше домаќин на оваа средба. На средбата и одбележувањето на градот Пазин за прв пат присуствуваа и градоначалникот на општина Параќин, Србија, Саша Пауновиќ и градоначалникот на црногорската општина Тиват, Дејан Масловар.
Значајно е да се одбележи дека збратимувањето на Гевгелија со Јабланица и Пазин, беше проширено со збратимување на двете општини, Јабланица и Пазин. На тој начин беше создадена мрежа на збратимени општини, кои разменуваат редовни посети, но и реализираат заеднички проекти. Како што е познато, општина Гевгелија за прв пат во земјава го презеде проектот Систем 48 од збратимената општина Инџија, кој веќе се применува и во Јабланица, а заинтересираност покажува и градот Пазин. Гевгелија и Пазин веќе реализираа еден заеднички проет во програмата „ЕУ за граѓаните“. На Пазинската средба беше укажано на потребата од унапредување на соработката меѓу збратимените општини. И тоа, не само на културен план, за што зборуваа и редовната културна размена на фолклорни ансамбли и групи, туку и на полето на бизнисот. Оттука и иницијативата за поврзување на бизнис заедницата.