Показна изложба “Одлучен удар“
Во рамките на досега најголемата воена вежба
организирана во нашата држава, „Одлучен удар“, а на која се развиваат подготвеноста и меѓусебната интероперабилност, клучна способност за сите армии во НАТО, утре, 8 јуни, во Гевгелија ќе биде организирана Изложба на воена техника на членките на Алијансата. На паркинг просторот пред Основниот суд, во периодот од 18 до 21 часот, ќе биде презентирана воената сила и моќ на НАТО.
Во вежбата, која инаку трае до 9 јули, со завршна вежба на Криволак, учествуваат над 2.700 припадници од армиите на шест држави, домаќинот Северна Македонија, потоа Соединетите Американски Држави, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Литванија.