Гевгелија - најтранспарентна општина
Општина Гевгелија е најтранспарентна општина во Југоисточниот
регион според по индексот на активна транспарентност на истражувањето што го направи Центарот за граѓански комуникации, помогнати од УСАИД. Транспарентноста е мерена според објавените информации и податоци од страна на општината. Според податоците на Центарот, оваа општина има 84,6 индексни поени и спаѓа во групата јавни институции со многу добра активна транспарентност. Под „активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. И сè тоа во интерес на граѓаните, преку објавување на информации за секојдневните општински активности, објавување на одлуки, записници, службени весници, буџети, јавни набавки, завршни сметка.
Втора по ред е општина Струмица која има 75,4 индексни поени, додека трета е општина Василево со 72,3 индексни поени . Овие две општини заедно со Богданци, која е четврта на рангирањето на локалните самоуправи од Југоистокот, се во групата на општини со добра активна транспарентност. Валандово и Радовиш кои се на петата и шестата позиција се во групата со просечна активна транспарентност додека во групата општини со слаба активна транспарентност од Југоистокот се Босилово , Дојран, Конче и Ново село.
Центарот за граѓански комуникации истражувањето го рави четврта година по ред на институциите кои се директни носители на извршната власт на централно и на локално ниво, односно на Владата, на министерствата и на локалните власти, односно на општините и градот Скопје.