Асфалтирањето на улици продолжува во Прдејци
Во јунската акција за реконструкција и санација на улиците во
општина Гевгелија, по извршените подготовки, се асфалтираат неколку улици во општината. Асфалктирана е улицата „Гоце Делчев“ во Мрзенци,чија вкупна површина изнесува 900 метри квадратни улична површина. Механизацијата потоа се пресели во Негорци, каде што вчера беше завршено асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“.
Денес ќе биде асфалтирана улицата „Браќа Толеви“ во Прдејци, при што ќе биде извршена целосна санација на оваа улица. Потоа, градежната механизација повторно се враќа во Гевгелија, каде што ќе биде извршена санација и асфалтирање на улицата „1 мај“, која се наоѓа на западната страна од Градскиот стадион, во должина од 200 метри. Исто така, е предвидено санирање, односно асфалтирање и на просторот за паркирање кај Градските гробишта. По завршените подготовки треба да биде бетонирана и уличката крај училиштето во Кованец. Додека пак нов асфалт треба да добие и улицата крај детската градинка во Миравци.
Изведувач на асфалтирањето и санирањето на улиците е радовишката фирма ВЕ-ГРУПА ДООЕЛ, на реконструкцијата градежната фирма „Еуроинг“, а бетонирањето го врши ТИРЦ-Пелагонија од Гевгелија. Оваа фирма веќе изврши бетонирање на крак од булеварот „Гевгелија“, на паркингот кај Општата болница и на една улица во Смоквица.