Со грантот од Светска Банка ќе се гради водоводна мрежа во „Караорман“
Советот на општина Гевгелија на денешната вонредна седница
донесе одлука за користење на грант средства од МСИП Проектот за подобрување на општински услуги. Имено, на општина Гевгелија за успешно реализираниот под-проект „Подобрување на водоснабдувањето во Гевгелија“ преку задолжување во рамки на финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) доби грант средства, во висина од 4.173.571 денари.
Според одлуката на Советот на општината грант средствата ќе бидат користени за реализација на за изградба на водоводна мрежа на сервисните улици „Галилео Галилеј”, „Апостол Петков” и „Павел Шатев”, во станбена населба Караорман. Водоводната мрежа е во вкупна должина од 1763 метри и дијаметар од 10см, 1 (една) испустна шахта, 3 (три) шахти за воздушни вентили, 9 (девет) противпожарни хидранти, 7 (седум) приклучни јазли, вклучувајќи и испитување на мрежата.
-Со реализацијата на овој проект се обзбедува водоснабдување на станбените објекти на овие сервисни улици во станбената населба „Караорман“ , чии инвеститори веќе платиле комунален надомест, рече градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, нагласувајќи дека проектот за препумпна станица на овие улици е во завршна фаза, а за негова реализација ќе се обезбедат сопствени средства.