Се асфалтира улицата „Климент Охридски“ во Миравци
Акцијата за реконструкцијата на улиците во општина Гевгелија продолжи
со асфалтирање на улицата „Климент Охридски“ во Миравци. Во тек е асфалтирањето на оваа улица што минува крај градинката, во должина од 350 метри.
Покрај ова, ќе бидат асфалтирани и три помали улични краци на влезот од населеното место во Милетково. Во рамките на акцијата за реконструкција на улиците, што ја изведува радовишката фирма „ВЕ-Група“ по добиениот тендер, беа асфалтирани улиците „Браќа Толеви“ во Прдејци, улицата „1 мај“ со придружни краци, како и паркинг-просторот кај Градските гробишта.