Потпишан договорот за изградба на пречистителна станица во Моин
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков денес
во Владата на Република Северна Македонија го потпиша договорот за реализација на проектот за изградба на фекален колектор со пречистителна станица за отпадни води во Моин. За реализација на проектот од Програмата за рамномерен регионален развој на општина Гевгелија и се доделени 2.450.615 денари. Имено, на шест општини од Југоисточниот плански регион се одобрени вкупно 5.156.000 денари за подобрување на условите за живот во населените места. Средствата за развој на селата се доделени на општините Гевгелија, Валандово, Богданци, Ново село, Босилово и Струмица, а најголемиот дел од нив ќе бидат реализирани во општина Гевгелија.
Со изградбата на фекален колектор со пречистителна станица во Моин се заокружува целосно канализациониот систем во ова населено место, каде што претходно беше изградена канализациона мрежа. Покрај грантот, за реализација на овој проект општина Гевгелија обезбеди и сопствено учество. Со него општина Гевгелија аплицираше преку Југоисточниот плански регион на објавениот јавен повик од страна на Министерството за локална самоуправа