Поставени лежечки полицајци на десет локации
На најфрекфентните сообраќајници во Гевгелија,
како и во Негорци, поставени се десет лежечки полицајци, заради обезбедување на поголема безбедност на пешаците. Станува збор за лежечки полицајци, кои се уредени според најновите светски стандарди, а истовремено ќе служат и како пешачки премини. Од десетте поставени лежечки полицајци 7 се според најновите стандарди, односно широки се 4 метри, а ќе бидат обележани за пешачки премин.
Вакви лежечки полицајци се поставени во Гевгелија, на улицата „7 Ноември“ кај супер-маркетот „Солун 53“ и кај ЈПКД„Комуналец“. Потоа, од двете страни на булеварот Гевгелија, пред крстосницата за конфекциската фабрика „Ноел“, на улицата „Петар Мусев“ кај ООУ„Крсте Мисирков“, на улицата „Таља Бикова“, кај спортската сала „26 април', како и пред централната детска градинка во Гевгелија, на улицата „Гоце Делчев“.
Додека пак класични лежечки полицајци се поставени на влезот од Негорци и пред ООУ„Ристо Шуклев“, како и на улица „7 Ноември“ во Гевгелија, пред игралиштето во Серменинска мала. Обележувањето на лежечките полицајци ќе биде извршено два-три дена по поставувањето, заради зацврстување на асфалот, за веднаш потоа ќе уследи и поставување на вертикална сигнализација.