Второ прскање за заштита од комарци
Второто годинашно прскање за заштита од комарци
на подрачјето на општина Гевгелија ќе се врши во вечерните часови меѓу на 25 јули (четврток-петок) и на 26 јули 2019 (петок-сабота). Прскањето ќе се врши во периодот од 23 до 05 часот наутро, а ќе биде теренско, односно тереистичко прскање за заштита од комарци. Во јуни беше извршено вакво теренско прскање за заштита од комарци, и тоа, на територијата на целата општина.
Се известуваат сите одгледувачи на пчели, за време на прскањето задолжително да ги преземат сите неопходни мерки за заштита. Во случај да не се изврши прскањето заради неповолни временски услови, истото ќе биде одложено за наредните денови во истото време.