Еко акција за чистење на спомен шумата кај Сува Река
Општина Гевгелија организира еколошка акција
за чистење на Спомен шумата кај Сува река, на локацијата позната како Армискиот парк-споменик, крај Гевгелија. Акцијата за чистење и уредување на паркот ќе се одржи во сабота, на 27.07.2019 година, со почеток во 9 часот. Акцијата ќе биде организирана во соработка со ЈПКД„Комуналец“.
Се покануваат сите граѓани, организации и здруженија на граѓани да земат учество во оваа акција. На тој начин, сите заеднички ќе придонесеме за чиста и зелена Гевгелија, се вели во повикот на општина Гевгелија.
Линк до локацијата на Армискиот парк - споменик:
https://goo.gl/maps/VJGAVszPAwFBDSmh9