Одбележан 2-ри Август
Денот на Републиката – 2-ри август,
празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ, беше одбележан и во Гевгелија. Општинскиот одбор на СЗБ од НОВ-Гевгелија и неговите поддржувачи организираа полагање на цвеќе на Спомен костурницата на паднатите борци во НОБ од Гевгелиско, и на споменикот на Сава Михајлов, гевгелискиот војвода и учител и учесник во Илинденското востание.
Свежо цвеќе положија претставници на боречката организација од Гевгелија, на општина Гевгелија, на политичките партии и на здружението на граѓани „Апостол Петков“. 2-ри август, останува симбол на сите борби на македонскиот народ за неговото конечно ослободување од вековното ропство и за создавање на слободната и суверена федерална македонска држава.