Ансамблот „Бојмија“ на фестивал во Унгарија
Ансамблот „Бојмија“ настапи на престижниот меѓународен фолклорен фестивал
во градот Ѓенѓеш во Република Унгарија. На овој собир пред илјадната публика играорците од овој ансамбл се претставија со игрите „Егејски игри“, „Повардарие“, „Копачија“ и „Малешевка“, додека вокалниот состав при ансамблот ги изведе песните „Мори чупи Костурчанки“, „Митра мома поповата“ и „Босо моме“. Тоа беше уште една можност на гевгелиските фолкористи да го презентираат македонскиот фолклор и обичаи, како и достојно да ја промовираат Општина Гевгелија и Република С.Македонија. На наведениот фестивал учествуваат групи од Куба, Кина, Португалија, Турција, Италија, Македонија и неколку групи од Унгарија. Инаку, фестивалот е под покровителство на меѓународната организација за фолклор CIOFF.