Противпожарен воз од Велес до Гевгелија
Од 1 јули до 15 октомври во функција е противпожарниот воз
со два вагона и четири резервоари цистерни со по 20 или вкупно 80 тони вода што ја покрива целата пруга, Возот е стациониран на железничката станица во Велес, а ќе ја покрива територијата во земјава од Велес до Гевгелија, Кременица Битола, Кочани, Кичево и Табановци. Возот за кој во секој момент е обезбедена локомотива може да гасне пожари до 50 метри од двете страни околу пругата. Воедно со противпожарниот воз при случаи на големи пожари, а каде што нема услови од друмскиот сообраќај врши дотур на вода на противпожарните цистерни на противпожарите единици од сите градови долж пругата.
Од Железничката станица во Велес информираат дека овој противпожарен воз во изминатите над 20 лета им бил на голема помош при голем број пожари на противпожарните единици од сите градови во земјава, а и на месното население долж пругата. Возот воедно учествувал и при горење на сува трева и шума околу самата пруга. Тие информираат дека возот ова лето за 40-тина дена, откако е во фунција немал интервенции, но екипата од три обучени пожарникари – еден командир и двајца пожарникари вработени во Македонски железници, во четири смени 24 часа се на подготвени. Тие појаснуваат дека водата за резервоарите цистерни на противпожарниот воз се полни од хидрантите на секоја Железничка станица долж пругата.