Патот Гевгелија-Богданци-Фурка ќе се проширува
До крајот на септември се очекува да биде готова
проектната документација за реконструкција на обиколницата кај Богданци, но и документацијата за проширување на регионалниот пат од Богданци до Понов мост кај Гевгелија. Ова го најави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов откако жителите на Богданци и соседните општини побараа проширување на делницата од 4,5 километри како црна точка во сообраќајот.
Во моментов се работи на рехабилитација на патот од Богданци до Фурка во должина од 10 километри во вредност од 1,3 денари. Средствата се обезбедени преку Светска Банка. Првично беше планирано да се рехабилитираат и останатите седум километри до Гевгелија, но жителите со собирање потписи побараа проширување на критичната делница.
За реконструкција на обиколницата кај Богданци и проширување на патот до Понов мост кај Гевгелија се планирани и обезбедени 23 милиони денари.