Смоквијада 2019: слатко од смокви, музика со Хари Мата Хари, забава со македонски и грчки ди-џеи
30.8.2019 г. Традиционално варење слатко од зрели смокви
Место: Градски стадион
Поќеток: 19.00 ч.
Заради запазување, но и зачувување на стариот начин на готвење слатко од зрели смокви, натпреварувачи, 10 екипи една ревијална екипа составени од по два члена, пред очите на публиката, на ракометното игралиште ќе го варат слаткото од зрели смокви. Посебна комисија ќе го оценува свареното слатко по претходно утврдени и стандардизирани критериуми. Најдоброто слатко ќе биде прогласено на 1 септември, недела, на денот на одржување на предавањето за нутритивните својства на смоквата.
Во културно-уметничката програма ќе учествуваат фолклорни друштва: „Бојмија“ од Гевгелија и „Браќа Толеви“ од Прдејци.
31.8.2019 г. Концерт на Хари Мата Хари
Како предгрупи на Хари настапуваат: Lege Artis Band, трио „ОСАНА“ и Shine.
Место: Градски стадион
Почеток: 20.00 ч.
1.9.2019 г. Предавање на тема: Нутритивните вредности на смоквата
Место: Ресторан ENJOY
Поќеток: 19.00 ч.
Смоквата е рајско овошје кое дава сила и го чува здравјето. Стручно лице ќе одржи предавање со цел запознавање со лековитите својства на смоквата.
На овој ден ќе бидат прогласени и победниците од натпреварот во варење слатко од зрели смокви.