Летна сесија на Советот на Општина Гевгелија за повеќе актуелности
Летната сесија на Советот на оппштина Гевгелија
ќе биде посветена на повеќе актуелни прашања кои летово го преокупираат вниманието на граѓаните на општината. На 30.седница на Советот на општина Гевгелија, која е закажана за 30 август 2019 година (петок) ќе се најдат дури 36 точки. На оваа седница Советот ќе расправа за Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година, во првото тримесечие. Исто така, Советот ќе го разгледува Елаборатот за утврдување на висината на штетите од елементарна непогода-пожар на колективна станбена зграда на ул."Ристо Чавдаров" во Гевгелија во месец јули 2019 годин, а ќе расправа и по иницијативата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за донесување на Одлука за доделување стипендија на талентирани студенти на Медицинските факултети, жители на општина Гевгелија.
На дневен ред на седницата, која започнува во 11 часот ќе се најдат следните точки:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година, за периодот 01.01.2019 -30.06.2019 година – Кумулатив),
2.Предлог-Одлука за пренамена на Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година,
3.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Гевгелија за 2019 година,
4.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2019 година,
5.Предлог-Одлука за усвојување на Годишниот план за вработување во општина Гевгелија за 2020 година,
6.Предлог-Заклучок за усвојување на Елаборатот за утврдување на висината на штетите од елементарна непогода-пожар на колективна станбена зграда на ул."Ристо Чавдаров" во Гевгелија во месец јули 2019 година,
7.Предлог-Одлука за користење грант средства од Проектот за подобрување на општински услуги – МСИП,
8.Предлог-Одлука за доделување стипендија на талентирани студенти на Медицинските факултети, жители на општина Гевгелија,
9. Предлог-Одлука за доставување на Процена на загрозеност на подрачјето на Општина Гевгелија од сите ризици и опасности,
10. Предлог-Одлука за утврдување на цената на превозот на ученици од средното и основното образование во општинскиот линиски превоз во општина Гевгелија,
11.Предлог-Решение за разрешување и за избор на претседател и членови на на Комисијата за утврдување на предлози за доделување на општинската награда „7-ми Ноември“,
12.Предлог-Решение за усвојување на финансискиот план на СОУ "Јосиф Јосифовски"-Гевгелија за Проект Старт-ап бизнис за млади претприемачи и обука за туризам и кетеринг за периодот јули-декември 2019 година,
13.Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈОУ Дом на култура "Македонија"-Гевгелија за 2020 година.
14.Предлог-Измена и дополнување на Годишната програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2019 година (Иницијатива за изработка на ДУП за дел од блок 17 (дел од 17.1) од Јован Сивов од Гевгелија, Иницијатива за изработка на ДУП за дел од блок 13 од "ПРИМАР ИНВЕСТ ДОО" од Гостивар, Иницијатива за изработка на ДУП од "Здружение на возачи" од Гевгелија, Иницијатива за изработка на ДУП од "Екстра маркет", "Ирена трејд" и "Уни тракинг" од Гевгелија),
15.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с.Габрово (КП бр.1054/4 КО Габрово), (барател: Марјан Атанасов од Гевгелија),
16. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с.Хума (КП бр.195/1 КО Хума), (барател: Милка Аврамова од Гевгелија),
17. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с.Хума (КП бр.174/1 КО Хума), (барател: Тања Ичева од Гевгелија),
18. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с.Хума (КП бр.1061 КО Хума), (барател: Мануел Николов од Гевгелија),
19. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с.Конско (КП бр.639 КО Конско), (баратели: Микица Петрова од Гевгелија и Драгица Поповска од Скопје),
20. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с.Конско (КП бр.695 КО Конско), (барател: Трајчо Н.Ристов од Гевгелија),
21. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с.Кованец (КП бр.1055 КО Кованец), (барател: Марјан Стојменов од Гевгелија),
22. Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с.Кованец (КП бр.1055 КО Кованец), (барател: Митко Стојменов од Гевгелија),
23.Предлог-Финансиски извештај на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за периодот од 01.01.2019г. – 30.03.2019г.
24.Предлог-Финансиски извештај на ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за периодот од 01.04.2019г. – 30.06.2019г.
25.Информација од ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за состојбата со заловувањето на кучињата скитници во општина Гевгелија за периодот 01.01.2019г. – 30.06.2019г.),
26.Информација од ЈПКД "Комуналец"-Гевгелија за состојбата со водоснабдувањето во населените места во општина Гевгелија,
27.Предлог-Извештај за работата на ООУ "Владо Кантарџиев"-Гевгелија за учебната 2018/2019 година,
28.Предлог-Годишна Програма за работа ООУ "Владо Кантарџиев"-Гевгелија за учебната 2019/2020 година,
29.Предлог-Извештај за работата на ООУ "Крсте Мисирков"-Гевгелија за учебната 2018/2019 година,
30.Предлог-Годишна Програма за работа ООУ "Крсте Мисирков"-Гевгелија за учебната 2019/2020 година,
31.Предлог-Извештај за работата на ООУ "Ристо Шуклев"- Негорци за учебната 2018/2019 година,
32.Предлог-Годишна Програма за работа ООУ "Ристо Шуклев"-Негорци за учебната 2019/2020 година,
33.Предлог-Извештај за работата на ООУ "Климент Охридски"-Миравци за учебната 2018/2019 година,
34.Предлог-Годишна Програма за работа ООУ "Климент Охридски"-Миравци за учебната 2019/2020 година,
35.Предлог-Извештај за работата на ООМУ "Васо Карајанов"-Гевгелија за учебната 2018/2019 година,
36.Предлог-Годишна Програма за работа ООМУ "Васо Карајанов"-Гевгелија за учебната 2019/2020 година.
37. Предлог-Одлука за исплата на финансиски средства од Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година