Штетата на опожарената зграда проценета на 4,9 милиони евра
Советот на општина Гевгелија го усвои
Елаборатот за проценка на штетите предизвикани од пожарот на поткровјето на колективна станбена зграда на улица „Ристо Чавдаров“ во Гевгелија. Во пожарот што ја зафати зградата на 30 јули годинава целосно се уништени 6 стана, од кои 4 во сопственост на физички лица и 2 на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Општинската комисија за проценка на штети од елементарна непогода извршила увид на теренот, врз основа на поднесените пријави од 15 физички лица, по што било констатирано дека од пожарот предизвикан од електричната мрежа била направена штета на станбена површина од 298 метри квадратни.
Според извршената проценка на штетата било утврдено дека од пожарот била предизвикана вкупна штета од 4.938.630 денари. По усвојувањето, Елаборатот за проценетата штета од пожарот ќе бида доставен до Државната комисија за проценка на штети од природни непогоди при Министерството за финансии и до Владата на Република Северна Македонија.