Бесплатен превоз на сите ученици
Бесплатниот превоз на учениците во општина Гевгелија
се одвива без проблеми, а учениците од сите населени места се превезуваат на настава во основните училишта и средноучилишниот центар во Гевгелија. Превозот на учениците се организира согласно одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Гевгелија, со превозници кои имаат лиценца за општински линијски превоз на патници. По објавениот јавен повик за превоз на ученици се избрани фирмите „Дори“ и „Амиго“, кои ги исполниле бараните услуги и понудиле најниска цена за превоз.
Согласно законите за основно и средно образование, превозот на сите ученици од основното и средното образование до училиштата во општина Гевгелија , ако местото на живеење е оддалечено најмалку 2 километри од училиштето, е бесплатен. Од почетокот на новата учебна година во општина Гевгелија ваквата погодност ја користат сите ученици. Додека надоместокот за превоз на ученици се реализира согласно извршената услуга од блок дотациите за образование преку Буџетот на општина Гевгелија.