Обука за подобрување на иновативниот капацитет на МСП
Во рамки на проектот „Акцелератор на знаења за МСП“ (МЕКА),
беше одржана обука на тема „Подобрување на иновативниот капацитет на МСП“ каде што се изучуваа предусловите за иновативно однесување, организациската култура за стимулирање иновации, како и техники за организирање на организациска креативност. Ова е првата обука од серијата на вкупно четири дводневни обуки кои ќе се реализираат во Скопје. Пријавувањата за учество на втората обука на тема „Маркетинг и пазарни предизвици на МСП“ која ќе се одржи на 20-21 септември, се во тек.
Целта на обуките е стекнување на дополнителни знаења и вештини со кои претприемачите ќе ги претворат своите компании во успешни и профитабилни бизниси. За сите оние кои имаат намера да аплицираат за средства од достапните фондови на ЕУ како и останати донаторски организации, а кои успешно ќе го поминат циклусот на обуки, предвидена е менторска поддршка за развој на апликациите. Проектот е кофинансиран од страна на Европската Унија преку ИПА 1 програмата, приоритетната област „Подобрување на капацитетите на МСП за иновации, истражување и развој, соработка помеѓу јавниот, приватниот и образовниот сектор“.