Регионална работилница за недискриминација
Во Гевгелија денес се одржа Регионална работилница за
недискриминација и против говор на омраза на која присуствуваа државни службеници од општините Гевгелија, Богданци, Дојран, Демир Капија, Кавадарци и Неготино. Работилницата беше организирана од Министерството за труд и социјална политика во рамките на серијата обуки наменети за државни службеници за справување со дискриминација и говор на омраза.
На обуката беа презентирани основите за нормалност, еднаквост, стереотипи и предрасуди, како и механизмите за заштита од дискриминација во Република Северна Македонија. Исто така, стана збор за слободата на изразување наспроти говорот на омраза.Предавачи на обуката беа Антонио Михајлов и Давид Тасевски од Субверзивниот фронт и Вера Коцо од Институтот за човекови права