Тодор Ристов нов претседател на Советот на Општина Гевгелија
Советот на општина Гевгелија на денешната седница за
претседател го избра Тодор Ристов, кој на локалните избори 2017 година беше избран за член на Советот на општината. Ристов е дипломиран правник и вработен во Агенцијата за вработување во Гевгелија, како и досегашен координатор на советничката група на СДСМ од каде што доаѓа. До избор на нов претседател на Советот дојде по оставката на досегашниот претседател Ташко Дојчинов.
Пред изборот на нов претседател, Советот на општина Гевгелија со кој претседаваше најстариот советник Магдалена Делковска, го констатира престанокот на мандатот на членот на Советот Ташко Дојчинов. Веднаш потоа беше верифициран мандатот на новиот член на Советот на Општината, Петар Јанчев, кој беше следен на советничката листа на СДСМ.