Отворена канцеларија на Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“
Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“, тргнувајќи од
барањата и потребите на граѓаните, отвораат информативно-наплатен пункт во центарот на градот. Отворената канцеларија на Општина Гевгелија и на ЈПКД„Комуналец“ се наоѓа во поранешниот Туристичко информативен центар, бараката на улица „Маршал Тито“ во Гевгелија, до Трговскиот центар.
Во Отворената канцеларии граѓаните можат да се информираат и да поднесат барања и други поднесоци од надлежноста на општина Гевгелија, а ќе се издаваат и обрасци за сите општински услуги.
Исто така, во Отворената канцеларија ЈПКД„Комуналец“ ќе се врши наплата на сметки за комунални услуги за физички лица, а ќе се издаваат и обрасци за сите барања за услуги од јавното комунално претпријатие.
Отворената канцеларија започнува со работа во понеделник, на 14 октомври 2019 година.
Канцеларијата ќе биде отворена од 9 до 17 часот, а ќе работи секој работен ден