Европски ден на граѓанската правда- Основен суд Гевгелија
По повод 25-ти Октомври- Европскиот ден на граѓанската правда,
Основниот суд Гевгелија организира отворен ден за граѓаните со цел правдата да им се доближи на граѓаните и да бидат запознаени со нејзиното спроведување.
На 25.10.2019 година на сите граѓани им се овозможува слободен пристап во просториите на Основниот суд Гевгелија. Покрај ова, во просториите на Судот (салите бр. 3 и бр. 4) во периодот од 10 до 12 часот ќе се организираат две предавања на теми од правото на сопственост и семејното право.