Градоначалникот Сашо Поцков присуствување на прославата на денот на Инџија
Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков
ја предводеше општинската делегација, која присуствуваше на прославата на Денот на Инџија - 22 Октомври. Градоначалникот Поцков, во име на делегациите од збратимените општини се обрати на свечената академија која се одржа во Домот на културата во Инџија. Притоа, тој нагласи дека долгогодишната соработка меѓу двете општини треба да служи за пример, бидејќи постојано се унапредува. Првичната соработка меѓу двете средни училишта, која се уште трае и се збогатува, е проширена и на другите полиња, а се манифестира преку културна размена и размена на искуства на локалните самоуправи, заеднички проекти и бизнис контакти, истакна Поцков.
За време на прославата претседателот на општина Инџија Владимир Гак имаше средба со градоначалниците од збратимените општини Гевгелија, Јабланица, Гвозд, Велика Кладуша на која стана збор за можностите за унапредување на соработката. Домаќините покренаа иницијатива за организирање на турнир во неколку спортски дисциплини, кој на почетокот од идната година би се одржал во Инџија. Турнирот, во зависност од интересот на збратимените општини, би бил традиционален и би придонел за унапредување на соработката во спортот.