Заменик Народниот Правобранител на средба со граѓаните на Гевгелија
Во Гевгелија вчера Заменик Народниот правобранител
Славчо Тимов имаше средба со граѓаните од Гевгелија и околината. На средбата граѓаните имаа можност да се информираат за заштита на своите уставни и законски права. Но, исто така, и да поставуваат прашања и ги изнесуваат проблемите кои ги мачат, а се во надлежност на народниот правобранител.
- Најмногу граѓаните од Гевгелија, според Славчо Тимов, се жалат на некои урбанистички проблеми, сопственички проблеми меѓу државната и приватната сопственост, за корисничкото право на градежното земјиште во државна сопственост, која катастарот со известување им го одземаше досега ова право, а благодарејќи токму на иницијатива на граѓаните од Гевгелија. Како Народен правобранител поведовме иницијатива за измена на овој закон за градежно земјиште, па така сега, со предложените измени, се продолжува рокот за трансформација и приватизацијата на градежното земјиште во државна сопственост до 2022 година. Има и други проблеми на кои граѓаните поднесуваат преставки, како оние од областа на социјалните права на лицата со посебни потреби, за потреба од средства за старателство, средства за помош и нега, проблеми со старосната и семејната пензија и слично. Може да кажам дека нашата надлежност е да го решиме проблемот на граѓанинот, или да му дадеме насока како тој проблем да го реши, и гледајќи ја таа страна, со задоволство може да констатирам дека 95 проценти од поднесените претставки се решени позитивно во корист на граѓаните, рече заменик Народниот правобранител Славчо Томов на вчерашната средба со граѓаните во Гевгелија.