Отворен ден во Основниот суд во Гевгелија
По повод 25-ти Октомври- Европскиот ден на
граѓанската правда, во Основниот суд во Гевгелија денес беше организиран отворен ден за граѓаните. На сите заинтересирани граѓани им беше овозможен слободен пристап во просториите на Основниот суд Гевгелија. Целта на Отворениот ден е правдата да им се доближи на граѓаните и да бидат запознаени со нејзиното спроведување. Се разбира, тие најголем интерес пројавија за одредени проблеми и прашања од нивен интерес.
Покрај ова, во просториите на Судот се одржаа две предавања на теми од правото на сопственост и семејното право.