Советот на општината ќе расправа за кварталниот извештај за остварување на општинскиот буџет
Претседателот на Советот на општина Гевгелија
Тодор Ристов 33-та седница ја закажа за 31 октомври 2019 година (четврток). На седницата ќе се расправа за Кварталниот извештај на извршување на општинскиот буџет во првите девет месеци од годината. Покрај ова, на седницата, која започнува во 11 часот, ќе се расправа по следниот дневен ред:
1.Предлог-Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година, за извештајниот период 01.01.2019-30.09.2019 год,
2.Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на општина Гевгелија за 2019 година,
3.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Гевгелија за 2019 година,
4.Предлог-Програма за измена и дополнувања на Програматаза изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општински патишта и улици во општина Гевгелија за 2019 година,
5.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата во областа на Локалниот економски развој и прекуграничната соработка на општина Гевгелија за 2019 година,
6.Предлог-Измени и дополнувања на финансовиот план за 2019 година на СОУ "Јосиф Јосифовски"-Гевгелија,
7.Предлог-Измени и дополнувања на финансовиот план за 2019 година на ООУ "Владо Кантарџиев"-Гевгелија,
8.Предлог-Измени и дополнувања на финансовиот план за 2019 година на ООУ "Крсте Мисирков"-Гевгелија,
9. Предлог-Измени и дополнувања на финансовиот план за 2019 година на ООУ "Климент Охридски"-Миравци,
10. Предлог-Измени и дополнувања на финансовиот план за 2019 година на ООУ "Ристо Шуклев"-Негорци,
11. Предлог-Измени и дополнувања на финансовиот план за 2019 година на OOMУ "Васо Карајанов"-Гевгелија,
12. Предлог-Измени и дополнувања на финансовиот план за 2019 година на ЈОУДГ "Детска радост"-Гевгелија,
13. Предлог-Измени и дополнувања на финансовиот план за 2019 година на ЈОУ Библиотека "Гоце Делчев"-Гевгелија,
14. Предлог-Измени и дополнувања на финансовиот план за 2019 година на ЈОУ Дом на култура "Македонија"-Гевгелија,
15.Предлог-Измени и дополнувања на финансовиот план за 2019 година на ЈОУ работнички универзитет "Кирил и Методија"-Гевгелија,
16. Информација за состојбата со дивите депонии во општина Гевгелија,
17.Предлог-Програма за измена и дополнувањето на Годишната Програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2019 година (Иницијатива за изработка на ДУП на дел од Блок 4.2 општина Гевгелија),
18.Предлог-Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за с.Ума (КП бр.1285 КО Ума), (барател: Томи Улиш од Гевгелија),
19.Предлог-Решение за разрешување и избор на член од редот на вработените во Управниот одбор на ЈОУ Пионерски дом "Јосип Броз-Тито" -Гевгелија,
20.Предлог-Решение за давање мислење за реализација на Годишната Програма за изведување ученички екскурзии и други слободни активности за учениците во ООУ ″Крсте Мисирков″-Гевгелија за учебната 2019-2020г.
21.Предлог-Решение за давање мислење за реализација на Годишната Програма за изведување ученички екскурзии и други слободни активности за учениците во ООУ ″Климент Охридски″-Миравци за учебната 2019-2020г.
22.Предлог-Одлука за отпис и отуѓување на дотраени основни средства, сопственост на ЈОУДГ „Детска Радост' Гевгелија.
23.Предлог-Одлука за отуѓување на дотраени основни средства од СОУ „Јосиф Јосифовски"- Гевгелија.