„Аполонија“ ден на крводарувањето
Фондацијата „Аполонија“ го одржува својот 19. по ред
Ден на крводарувањето, хуманитарна акција која ја организиран двапати годишно. Во соработка со Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ Општа болница Гевгелија и со Општинската организација на Црвениот крст, Фондацијата „Аполонија“ од 19 октомври 2010 година, ги поканува своите вработени, но и сите граѓани да ја даруваат драгоцената течност. Така беше и денес кога повеќе граѓани во просториите на хотел-казино „Аполонија“ даруваа крв.
Така, Фондацијата „Аполонија“ со години по ред дава значаен придонес во остварувањето на едно од најблагородните човекови вредности - крводарувањето.. Крводарувањето од сите заинтересирани вработени во хотел-казиното „Аполонија“, фондацијата, но и од сите други заинтересирани граѓани стана вообичаена хуманитарна акција во Гевгелија