Отворени детски јасли во Миравци
Во детската градинка во Миравци, за прв пат,
започна со работа јаслена група за деца на возраст од 8 до 24 месеци. Со тоа се овозможува грижа за најмалите од Миравци и околните населени места. Групата веќе ја посетуваат 10 деца, а има најави за приклучување и на други деца. На тој начин, како што вели градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, излеговме во пресрет на барањата на родителите од Миравци, со кои имавме посебна средба.
Просторот наменет за згрижување на децата од јаслената група во градинката во Миравци беше реновиран и адаптиран согласно законските прописи и правилниците за оваа намена. Наскоро детски јасли се очекува да бидат отворени и во градинката во Негорци.