ЗАВРШИЈА ИЗВЕДБЕНИТЕ РАБОТИ НА ПАТОТ НЕГОРЦИ-СЕРМЕНИН И ДАВИДОВО-МАНАСТИР СВ.ИЛИЈА
Завршија изведбените работи на дел од патот Негорци-Серменин со што овој пат е целосно асфалтиран,
како и на патот од центарот на Давидово до манастирот Св.Илија. Станува збор за патни правци, кои се од посебен интерес за граѓаните во овие населени места, изјави градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, при денешната обиколка на двата патни правци. Со изградбата на последната делница од патот Негорци-Серменин завршува целосната изградба на патот до ова потпланинско село, каде што постојат сите услови за развој на руралниот туризам. Ако се има предвид дека досега граѓаните, но и многу посетители на Давидово пеш одеа до манастирот Св.Илија, тогаш изградбата на овој пат со паралелната пешачка патека наиде на целосна поддршка од граѓанит, рече Поцков.
Изградбата и на двата патни правци во општина Гевгелија е реализирана со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и сопствено учество. Така, изградбата на на последната делница од патот Негорци-Серменин, чинеше 8.783.103 денари, додека изградбата на патот од Давидово до манастирот Свети Илија, чинеше 9.534.311 денари.
Обновата на локалната патна мрежа, но и изградбата на нови патишта до одредени инфраструктурни објекти е од приоритетно значење, потенцираше градоначалникот на општина Гевгелија, нагласувајќи дека во тек е изградбата на патот до Времената депонија кај Ново Конско.