Буџетот на Општина Гевгелија за 2020 година проектиран на 505 милиони денари
Буџетот на општина Гевгелија за 2020 година е проектиран
на 505.391.914 денари или 8.191.000 евра, додека основниот буџет е проектиран на 230.333.000 денари или 3.733.000 евра. Нацрт-верзијата од вака проектираниот буџет, предложен од страна на градоначалникот на општина Гевгелија, беше прифатена од страна на Советот на општина Гевгелија, на денешната 137 седница. Притоа, беше констатирано дека буџетот ги содржи реалните потреби и можности на општината за остварување на планираните програми, проекти и активности во идната година. Имено, општинскиот буџет е проектиран, и овој пат, врз основа на просечно реализираниот буџет во изминатите три години плус 30 %.
-Настојувавме да се вклопиме во законските рамки, но и потребите и можностите на оппштината, чија цел е да ги подобри условите за живот и квалитетот на услугите кон граѓаните. Затоа, се раководевме не од желби, туку од реални потреби, како и во изминатава година, за што зборува и реализираниот процент од над 66% на извршување на општинскиот буџет во деветте месеци од годината. Приоритет во буџетските активности ќе им се даде подобрувањето на патната и комуналната инфраструктура. Како приоритетни проекти во идната година, градоначалникот Сашо Поцков ги посочи и уредувањето на новиот градски парк „Урбан градски сквер“ на старото пазариште во центарот на градот, изработката на проект за Секундарна мрежа за гасификација, а секако и реализација на грантовите од KFW банката и Министерството за транспорт и врски. Општина Гевгелија идната година ќе ги поддржи проектите за подобрување на условите и функционирањето на предучилчишниоте установи, пред се, доградбата на градинката „Сончогледи“. Имајќи предвид дека оваа установа со заштедените средства од донациите не е во можност да ги разреши сите проблеми, рече Поцков.