Детското драмско студио „Дон Кихот“ одржа вистинска театарска лекција
Синоќа во Народниот театар во Гевгелија детското
драмско студио „Дон Кихот“, кое работи во рамките на Домот на културата, ја изведе детската комедија "Царскиот паж" од хрватскиот поет, прозаист и драмски писател Јосип Палада. Младите актери, под режисерската палка на Катица Џишева Дупарова, се претставија како вистински актери донесувајќи вистинска свежина во гевгелискиот театарски живот. Станува збор за млади актери, 7 до 10 години кои на најавтентичен начин ја пренесуваат пораката на авторот. Односно, им одржаа "лекција" на возрасните за заборавените вистински вредности во животот на еден детски, искрен начин.
Гевгелиската публика уживаше во ова прекрасна театарска претстава, која само потврдува дека детското драмско студио „Дон Кихот“ е на добар пат да зачекори по стапките на своите постари колеги.