Новогодишно шоу на СОУ „Јосиф Јосифовски“
Учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ во пресрет
на Новата 2020 година настапија во Народниот театар во Гевгелија со традиционалната новогодишна приредба „Твоето лице како да ми звучи познато“. Под мотото „и лице и срце“, драмската група „Титанија“, училишниот бенд „South angels“, вокалниот камерен состав „Royals“ и Средношколскиот хор се претставија со имитации на познати народни, турбо фолк и поп песни, интересни драматизации од секојдневниот живот.
Со ова новогодишно шоу, беа одбележани три мали јубилеја на учениците од СОУ„Јосиф Јосифовски“ - излегувањето на десеттиот број на „Училишниот весник“, десетгодишнината од постоењето на драмската група „Титанија“, како и пет години од изведбата на „Твоето лице како да ми звучи познато“. Менторот на овие три случувања, професорката Жаклина Атанасова истакна дека со задоволство, но и со доза на носталгија се присетува на изминатите десеттина години и на настаните што се случуваа во тој период кои ги потврдија убавината на зборот и значењето на сите дела направени од страна на учениците.