Ликовна изложба на скулптури „Феникс 3“ на Марјан Стојаноски
Во
четврток (19 ноември, 2020 година), во организација на Пионерскиот дом- Гевгелија, ќе биде отворена ликовната изложба со скулптури „Феникс 3“ на Марјан Стојаноски, дипломиран вајар. Скулптурите на Стојановски ќе бидат поставени во изложбениот салон на Пионерски дом, а изложбата ќе ја отвори гевгелискиот истакнат ликовен уметник, м-р Мирјана Крстева Массетти.
За љубителите на ликовната уметност, поставката ќе биде отворена за разгледување, секој работен ден, почнувајќи од 19 ноември, до 3 декември, 2020 година, со почитување на мерките за заштита од КОВИД-19.
- Ротирачките скулптури сами по себе се интересна приказна за нашите простори. Тоа е проблематика која кај нас и не е така често претставена во скулптурата и токму тоа е и главнот предизвик за почетоците на неговиот циклус „Феникс“. Чувствително изработените форми говорат за бесконечност во просторот. Додека, пак, подвижноста на скулптурите не потсетува дека се се движи, се е менливо и се е минливо. Моментот е сега и треба и мора да го живееме, тоа е пораката која јас ја читам од цикусот „Феникс“, истакнува за скулптурното творештво на Стојаноски, Јана Јанеска Ристески, историчар на уметност.