Од денес влез во јавни простории само со потврда за две дози вакцина или прележана инфекција
Министерството за здравство информира дека од денес, 15.11.2021 година,
за влез во затворени објекти потребно е да поседувате потврда за целосна имунизација, односно да покажете документ дека сте примиле две дози вакцини против коронавирусот или мора да имате доказ дека сте прележале инфекција со Ковид-19 во последните 45 дена, почнувајќи од првиот ден од закрепнувањето.
Во Центарот за јавно здравје-ПЕ Гевгелија, кој го покрива и подрачјата на општините Богданци и Дојран секојдневно се регистрираат зголемен број на новозаразени. Според директорот д-р Сашо Олумчев 20 отсто од позитивните се млади лица заради што уште еднаш побара почитување на мерките, кои според него треба да бидат и поригорозни.
Инаку, Во гевгелискиот регион има околу 145 позитивни што е далеку помалку од претходните бранови. За да се преброди ова криза потребен е колективен имунитет со вакцинација, смета Олумчев кој побара начини да се зголеми имунизацијата, бидејќи во овој дел од државата, како и насекаде рапидно опадна интересот за вакцинација против ковид 19.