Марш „Чекориме заедно“ по повод Светскиот ден на лицата со попреченост
По повод Светскиот ден
на лицата со попреченост- 3 Декември, Здружение на граѓани, Национална Алијанса за лица со посебни потреби Гевгелија Центар „Мајка Тереза“, на 3-ти декември, со почеток од 11 часот ќе организираат дефиле под мотото „Чекориме заедно“. Почетокот на маршот ќе биде пред општинската зграда, а крајната точка е пред Народниот театар. Додека трае маршот, по улиците учесниците ќе оставаат пригодни пораки.
Пред Театарот, заеднички настап ќе имаат корисниците на Центар „Мајка Тереза“ и Дневен Центар Гевгелија со изведба на песната „Секој“, по што обраќање ќе имаат претседателот на ЗГ НАЛПП- Центар „Мајка Тереза“, отец Димитар Ташев, и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Потоа ќе биде прочитана литературна творба од ученик по повод 3 Декември, по што излагање на дел од правата на лицата со попреченост ќе имаат корисниците од Центар „Мајка Тереза“. Програмата ќе заврши со базар на изработки од корисниците на Центар „Мајка Тереза“. Собраните средства од базарот ќе бидат наменети за одржливост на Центарот.