Јавна дебата со граѓанските организации во општината
Во рамките на проектот ReLOaD што Општина Гевгелија го реализира
со Програмата за локална демократија- УНДП, на 6 декември, 2021 година, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 13:30 ч., ќе биде одржана Дебата со граѓанските организации од општина Гевгелија за приоритети на проектите, со цел успешна соработка и имплементирање проекти кои се од интерес на граѓаните и општината. На дискусијата ќе бидат разгледани проектите од oбласта на: туризмот и културата, младите, заштита на животната средина и локалниот економски развој.
Имено,прифаќањето на апликацијата и вклучувањето на Општина Гевгелија во реализацијата на оваа регионална програма на УНДП претставува нов значаен поттик за натамошно унапредување на соработката со граѓанските организации. За што Советот ќе се кофинансираат пооекти на граѓански организации во рамките на јавните повици, организирани преку Регионалната програма за локална демократија 2 (ReLoaD2). Предвидено е локалната самоуправа да кофинансира проекти од минимум 20% од вкупниот износ на средствата на граѓанските организации што ќе бидат распределени, во максимален износ од 83.500 долари.
Приоритетни области на Општина Гевгелија во рамките на проектот ReLOaD2