Image
Актуелно

Интензивирање на активностите за донесување на урбанистичките планови

Општина Гевгелија презеде повеќе активности за деблокирање на постапките за донесување на нови или измени и дополнувања на постојните урбанистички планови.

По распишаниот тендер и изборот на најповолната проектантска фирма, во фаза на изработка се ДУП за Блок 1 (дел 1.2)

Блок 2 (2.1 и 2.2), ДУП за Блок 7 (7.2) и ДУП за Блок 15 (15.1 и 15.2), општина Гевгелија.

Паралелно, по одобрената Планска програма, отпочната е постапката за донесување урбанистички планови за Мрзенци, Миравци и Негорци, како и за Негорските бањи, за кои се чекаат заштитно конзерваторските основи. За таа цел веќе се одржани неколку состаноци со Заводот за заштита на спомениците на културата.

Во постапка на донесување се ДУП за Блок 16, ДУП за дел од Блок 3 (3.2 и 3.3),

ДУП за дел од Блок 5 (5.1), кои по вградувањето на дадените забелешки повторно ќе бидат доставени за согласност до Министерство за транспорт и врски. Наскоро се очекува доставување на согласност и на ДУП за дел од блок 1, односно за централното градско подрачје, бидејќи Комисија за разгледување на приговорите од јавните анкети веќе ги вгради дадените забелешки.

Во постапка се и урбанистичките планови за Моин, Давидово, Милетково и Богородица.

 

Прашајте го градоначалникот

Image
Гевгелија 130 години
nar-prav.png
gevgelijabiz.jpg
© 2023 Општина Гевгелија. All Rights Reserved.Development by Klik Veb Studio